02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф.д-р Азис Положани, денеска потпишаа Меморандум за соработка при реализацијата на едукативни програми и изведувањето практична настава и работа за студентите, како и подготовка на заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување на кадри од областа на животната средина.

Очекувам соработката со високообразовните институции да резултира со иновативни и претприемачки креации за ефикасно менаџирање со комуналниот отпад.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

01.03.2019, 11:51 | 390 прегледи