02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ- ЗАЕДНО ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ЧИСТОТАТА И УБАВИНАТА НА СКОПЈЕ

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ- ЗАЕДНО ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ЧИСТОТАТА И УБАВИНАТА НА СКОПЈЕ

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје седум пати во неделата, во три смени, го собираат и го транспортираат комуналниот отпад од скопските домаќинства и стопанските субјекти и истовремено ја одржуваат хигиената на јавните и сообраќајни површини, што подразбира нивно метење и миење. И покрај фактот што тоа не е наша примарна обврска, секојдневно расчистуваме диви депонии коишто настануваат како резултат на несовесното однесување на граѓаните. Неодамна влеговме и во дворовите на студентските домови и училиштата, каде што расчистивме огромни количества наталожен отпад, со цел цел хигиената и чистотата во градот да се подигне на највисокото можно ниво.

Но, ниту една наша активност не е доволна без вашата поддршка!

 Доколку граѓаните својот стар мебел го одлагаат насекаде,  градежниот отпад го исфрлаат на јавните површини и свесно ги опожаруваат контејнерите, градот Скопје никогаш нема да стане достоинствено место за живеење.

  ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните правилно да го одлагаат својот отпад, да не создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина, да не ги уништуваат садовите наменети за одлагање на отпадот и на тој начин да ја заштитат и  сочуваат чистотата и убавината на своето и нашето Скопје.

 

 

 

 

02.03.2019, 09:55 | 810 прегледи