02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА ЗЕЛЕНАТА ЗОНА НА КАЊОНОТ МАТКА

ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА ЗЕЛЕНАТА ЗОНА НА КАЊОНОТ МАТКА

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и невладината организација за екологија „ФОР СЕЛЕКТ“ денеска потпишаа Меморандум за спроведување на проекти за заштита на животната средина во населените места на кањонот Матка и течението на реката Треска. Во рамките на предвидените активности, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе обезбеди садови за примарна селекција на отпадот, ќе врши собирање и транспорт на отпадот, како и расчистување на дивите депонии во овој реон, а преку својата Еко-патрола ќе ги едуцира и информира граѓаните за правилното одлагање на отпадот.

„Ја поздравувам иницијативата на организацијата „ФОР СЕЛЕКТ“ за заштита на споменикот на природата „Кањон Матка“, со целокупната зелена зона на околните села на кањонот и течението на реката Треска. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје со сите свои ресурси ќе учествува во овој проект, со цел да ја унапредиме заштитата на животната средина и да го промовираме правилното постапување со отпадот во реонот на оваа значајна туристичка атракција.“- изјави помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Бранко Николовски.

 

  

04.03.2019, 13:27 | 528 прегледи