02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АПЕЛ ДА ПРЕСТАНЕ ПАЛЕЊЕТО И УНИШТУВАЊЕТО НА КОНТЕЈНЕРИТЕ НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ!

АПЕЛ ДА ПРЕСТАНЕ ПАЛЕЊЕТО И УНИШТУВАЊЕТО НА КОНТЕЈНЕРИТЕ НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ!

Во месеците јануари и февруари 2019, од страна на непознати лица се опожарени вкупно 40 контејнери на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Вкупно 40 контејнери наменети за собирање на комуналниот отпад во текот на изминатите два месеца беа опожарени и целосно уништени.

Покрај финансиската штета што му е нанесена на ЈП Комунална хигиена“-Скопје, овие инциденти доведуваат до големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

Апелираме да престане уништувањето на опремата на ЈП Комунална хигиена“-Скопје, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски, согласно Оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

13.03.2019, 11:48 | 307 прегледи