02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ И МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ И МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Подготвени за ефикасна соработка што ќе придонесе за размена на искуства и идеи, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф.д-р Мехмет Дурсун Ердем, денеска потпишаа Меморандум преку којшто се обврзаа на заемна помош и поддршка во областа на едукацијата и усовршувањето на кадри, како и заедничко дејствување во насока на заштитата на животната средина.

„Овој Меморандум ни отвора можности за различни видови на соработка, меѓу коишто и изведување на практична работа за студентите, како и организирање семинари, тркалезни маси и дебати за подигнување на јавната свест за правилното постапување со отпадот.“ - изјави директорот на  ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

15.03.2019, 12:02 | 259 прегледи