02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЈАДРАНСКАТА МАГИСТРАЛА ВО НАСЕЛБАТА ВИЗБЕГОВО

МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЈАДРАНСКАТА МАГИСТРАЛА ВО НАСЕЛБАТА ВИЗБЕГОВО

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа акција за генерално чистење на Јадранската магистрала во скопската населба Визбегово. Акцијата се одвива на потегот од Словенечка кон Момин поток, а во нејзината реализација се ангажирани 35 работници на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, додека од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила - патарки, метларки и кипери. Поради поволните временски услови, се спроведува и машинско миење на Јадранската магистрала со автоцистерна.

Акцијата ќе продолжи во текот на целиот викенд, а во неа земаа учество и екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“.

 

16.03.2019, 11:31 | 273 прегледи