02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АПЕЛ ДО СКОПЈАНИ СОВЕСНО ДА ПОСТАПУВААТ СО ГРАДЕЖНИОТ ОТПАД

АПЕЛ ДО СКОПЈАНИ СОВЕСНО ДА ПОСТАПУВААТ СО ГРАДЕЖНИОТ ОТПАД

АПЕЛИРАМЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ГРАДЕЖНИОТ ОТПАД ДА НЕ ГО ОДЛАГААТ ВО КОНТЕЈНЕРИТЕ!

Во текот на изминатите неколку дена, во скопската оштина Чаир, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје регистрираше огромно количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата Благоја Паровиќ. Екипите на Претпријатието беа приморани рачно да го извадат градежниот отпад од садовите, за да може да го префрлат и транспортираат со соодветни возила. 

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ги информира граѓаните дека, според Законот за јавна чистота, отпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на живеалиштата, не смее да се одложи во садовите за отпад поставени на јавни површини.  Градежниот отпад може трајно да ги оштети овие садови, како и специјалните комунални возила, а со тоа да предизвика и сериозни проблеми при собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот.  

 

22.03.2019, 09:33 | 396 прегледи