02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Еко-патролата и Службата за едукација на терен ги информираа граѓаните за правилното постапување со отпадот

Еко-патролата и Службата за едукација на терен ги информираа граѓаните за правилното постапување со отпадот

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје секојдневно се соочува со појавата на несовесно одлагање на кабастиот и градежниот отпад од страна на граѓаните. И покрај бројните интервенции од страна на нашите екипи, многу локации во градот Скопје претставуваат црни точки на коишто постојано се создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.

Еко-патролата и Службата за едукација при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, деновиве спроведоа едукативна акција во општината Аеродром, со цел да им укажат на Скопјани како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад. Граѓаните беа едуцирани дека, според Законот за јавна чистота, градежниот и кабастиот отпад не смеат да го одлагаат на јавни површини ниту во контејнерите, а беа информирани и за можноста електронската, електричната опрема и застарениот мебел бесплатно да го депонираат во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште.

 

 

22.03.2019, 12:16 | 387 прегледи