02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ИСЧИСТЕНИ ТРИСТА КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ НА ЈАДРАНСКАТА МАГИСТРАЛА

ИСЧИСТЕНИ ТРИСТА КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ НА ЈАДРАНСКАТА МАГИСТРАЛА

Апелираме до стопанските субјекти и угостителските објекти да ни помогнат да ја одржиме хигиената и чистотата на Јадранската магистрала!

Во текот на вчерашниот ден заврши седумдневната акција за генерално чистење на Јадранската магистрала, во скопската населба Визбегово. Во нејзината реализација секојдневно беа ангажирани 35 работници на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, како и екипи на ЈП „Водовод“, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“. Во рамките на акцијата беа исчистени приближно триста кубни метри отпад од диви депонии на потегот од булеварот „Словенија“ кон Момин поток, а поради поволните временски услови се спроведуваше и машинско миење со автоцистерна.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги повикува стопанските субјекти и угостителските објекти да ни помогнат да ја одржиме хигиената на овој реон. Почитувани сопственици и вработени во компаниите и рестораните лоцирани на Јадранската магистрала, резултатите од нашите активности нема да бидат долготрајни без вашата помош и поддршка. Ве молиме со своето однесување да придонесете да се одржи хигиената на  јавните површини во непосредна близина на вашите објекти и заедно да ја сочуваме чистотата на Јадранската магистрала!

22.03.2019, 12:25 | 381 прегледи