02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     „Денови на екологијата“ во општината Бутел

„Денови на екологијата“ во општината Бутел

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска беше во улога на еко-мотиватор во рамките на проектот „Денови на екологијата: Онлајн со природата“, што во периодот од 19 до 30 март се одвива во општината Бутел.

Учениците од ОУ „Лиман Каба“ во с.Љуботен организираа едукативна еколошка манифестација, а нашата Служба за едукација им помогна во изработката на цртежи и скулптури на темата „климатски промени“. 

 

26.03.2019, 14:05 | 402 прегледи