02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     РАСЧИСТЕНИ ДВАЕСЕТ КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ПРИВАТЕН ДВОР ВО НАСЕЛБАТА ЛИСИЧЕ

РАСЧИСТЕНИ ДВАЕСЕТ КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ПРИВАТЕН ДВОР ВО НАСЕЛБАТА ЛИСИЧЕ

Во рамките на координираните активности со Инспекторатот на Градот Скопје, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на вчерашниот ден започнаа акција за чистење огромно количество отпад лоциран во приватен двор на улицата Блажо Орландиќ, во скопската населба Лисиче.  

Досега се подигнати и транспортирани приближно дваесет кубни метри кабаст и мешан комунален отпад, а активностите ќе продолжат и во текот на претстојните неколку дена, сè додека локацијата не биде исчистена во целост.

Во расчистувањето на дивата депонија дневно се ангажирани по десет работници на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, отпадот се подигнува со втоварувач, а се транспортира со три специјални комунални возила.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и во оваа прилика ги информира граѓаните дека одлагањето на отпадот надвор од поставените садови претставува прекршување на Законот за јавна чистота и истовремено директно влијае врз загадувањето на животната околина.

29.03.2019, 09:55 | 335 прегледи