02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АЈДЕ ЗАЕДНО ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ НАШАТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

АЈДЕ ЗАЕДНО ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ НАШАТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје организираше еко-манифестација во ООУ „Невена Георгиевска“-Дуња.

Под мотото „Ајде заедно да ја заштитиме нашата животна средина“, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје денеска организираше еко-манифестација во ООУ „Невена Георгиевска“-Дуња, во скопската општина Кисела Вода.

Во рамките на манифестацијата, учениците се претставија со драмски и музички точки посветени на заштитата на животната средина, а едукаторите од ЈП „Комунална хигиена“- Скопје организираа спортски игри за селектирање и рециклирање на отпадот.

На  едукативното еко-предавање, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги повика  најмладите сограѓани сите заедно да ја заштитиме животната средина, преку правилното и совесно постапување со нашиот отпад и неговата примарна селекција.

 

 

 

05.04.2019, 13:04 | 410 прегледи