02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Еко-патролата спроведе едукативни активности за правилно постапување со отпадот во Старата скопска чаршија

Еко-патролата спроведе едукативни активности за правилно постапување со отпадот во Старата скопска чаршија

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“Скопје секојдневно се соочуваат со неправилно одлагање на отпадот од пакувања и остатоци од храна, како и непочитување на наведените термини за одлагање на отпадот во Старата скопска чаршија и на т.н. Пластичарска улица (бул.Никола Карев).  

Во текот на изминатата недела, нашата Еко-патрола спроведе едукативни активности за правилно постапување со отпадот со сопствениците на дуќаните и угостителските објекти во Чаршијата и на Пластичарската улица.

Дуќанџиите беа информирани за Законот за јавна чистота и едуцирани како правилно да го исфрлаат својот отпад, додека угостителите за правилното третирање на отпадот од храна, со цел да се избегне создавањето на исцедоци и ширењето заразни болести.

 

 

 

12.04.2019, 11:04 | 411 прегледи