02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „Комунална хигиена“-Скопје донираше за книжевното катче на Институтот за белодробни заболувања

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје донираше за книжевното катче на Институтот за белодробни заболувања

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје се приклучи кон акцијата „Волонтираме и донираме за солидарно општество“,  со цел да помогнеме да се создаде книжевно катче што ќе им го олесни и разубави престојот на дечињата коишто се лекуваат во Институтот за белодробни заболувања.

Во книжевното катче дониравме сликовници со наслов „Забавно рециклирање“,  што ги изготвивме за нашите најмлади сограѓани да научат како преку селектирањето, рециклирањето и правилното одлагање на отпадот да ја заштитат животната средина.

 

 

13.04.2019, 10:48 | 257 прегледи