02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     РАСЧИСТЕНИ ВКУПНО ТРИЕСЕТ КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА ЧАИР

РАСЧИСТЕНИ ВКУПНО ТРИЕСЕТ КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА ЧАИР

Во текот на вчерашната вечер и денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа приближно триесет кубни метри отпад од две диви депонии лоцирани во општината Чаир. Едната дива депонија се наоѓаше до ООУ „Тефејуз“, каде што во ноќните часови, од страна на екипите во третата смена, беа  расчистени дваесетина кубни метри мешан комунален и кабаст отпад.

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчистија уште една дива депонија, лоцирана во непосредна близина на Турската амбасада, каде што се отстранети приближно десет кубни метри кабаст и градежен отпад. При расчистувањето на дивата депонија беа употребени специјално комунално возило -втоварувач и камион.

 

18.04.2019, 12:46 | 659 прегледи