02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ИНТЕНЗИВНО ОПОЖАРУВАЊЕ НА КОНТЕЈНЕРИТЕ НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ!

ИНТЕНЗИВНО ОПОЖАРУВАЊЕ НА КОНТЕЈНЕРИТЕ НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ!

Во текот на изминатите три дена од страна на непознати сторители се опожарени осум контејнери на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Во текот на изминатите три дена, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје забележа интензивна појава на опожарување на садовите за собирање на отпадот. Само на 9.05.2019 година, се опожарени пет контејнери на три микролокации во општината Карпош – две на булеварот Партизански одреди и една на ул. Московска.

Во текот на вчерашната ноќ гореа два контејнера кај хотелот Карпош во општината Карпош, како и еден на главната улица во општината Ѓорче Петров. Најголемиот дел од опожарените контејнери се целосно уништени и утринава беа заменети со комплетно нови садови.

„Покрај финансиската штета што му е нанесена на Претпријатието, опожарувањето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот. Апелираме до Инспекторатот на Градот Скопје и инспекциските служби при општините да преземат засилени мерки за надзор и санкционирање на сторителите на овие инциденти, со цел - да престане уништувањето на опремата на ЈП Комунална хигиена“-Скопје и нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски.“-изјави директорот на ЈП Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.



 

11.05.2019, 11:08 | 458 прегледи