02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје вчера започнаа дводневна акција за генерално чистење на скопската општина Ѓорче Петров. Активностите се одвиваат на потегот од мостот пред Сарај до кружниот тек на улицата Ѓорче Петров, каде што се спроведува рачно и машинско метење, како и рачно миење на улиците. 

Акцијата е организирана со цел подобрување на нивото на хигиената и чистотата на јавните градски површини во оваа скопска општина. Во нејзината реализација на терен се ангажирани 15 работници на ЈП „Комунална хигиена“, додека од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила – метларки, автоцистерни и ВАП.

По најавата за обилните дождови што се очекува да го зафатат скопскиот регион, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје e подготвено со своите вработени и со сета расположлива механизација да интервенира за расчистување и санирање на евентуалните штети во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на возилата и пешаците.

14.05.2019, 07:36 | 380 прегледи