ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ИСЧИСТЕНИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ИСЧИСТЕНИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

 

ИСЧИСТЕНИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

 

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа акција за расчистување обемна дива депонија лоцирана на влезот на гробиштата во општината Ѓорче Петров. Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 60 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.    

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и истиот да не го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина.

И во оваа прилика ги информираме граѓаните на градот Скопје дека застарениот мебел и отпадот од електронска и електрична опрема може да ги депонираат во Центрите за селекција во Карпош и Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

[ четврток, 16 мај 2019 ] [ 1458 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar