02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     РАСЧИСТЕНИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА БУТЕЛ

РАСЧИСТЕНИ 60 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА БУТЕЛ

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од две диви депонии лоцирани во општината Бутел.

Едната депонија се наоѓаше во напуштениот објект на поранешната градинка на улицата Натанаил Кучевишки, од каде што во текот на вчерашниот ден беа отстранети околу 55 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска расчистија уште една дива депонија во општината Бутел, лоцирана на улицата Бетовенова, каде што се подигнати приближно пет кубни метри кабаст, градежен отпад и гранки.

17.05.2019, 11:52 | 221 прегледи