02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „Комунална хигиена“- Скопје со еко-работилници за најмладите учествува на шестиот Скопски цветен фестивал

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје со еко-работилници за најмладите учествува на шестиот Скопски цветен фестивал

Под мотото „Скопје цвета“, денеска во Градскиот парк беше отворен Скопскиот цветен фестивал. Шеста година по ред, оваа манифестација ги собира љубителите на природата и цвеќето, со цел подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина.   

Во програмата на фестивалот учествува и ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, преку организирање еко-работилници и забавни игри за најмладите посетители. Стотици дечиња имаа можност да научат нешто повеќе за селектирањето и рециклирањето на отпадот, а ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје се погрижи сите да добијат и по една едукативна сликовница ,,Забавно рециклирање.

 

18.05.2019, 15:59 | 932 прегледи