02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Еко-патролата и Одделението за едукација со заеднички еко-предавања за скопските средношколци

Еко-патролата и Одделението за едукација со заеднички еко-предавања за скопските средношколци

Еко-патролата и Одделението за едукација на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска одржаа заедничко еко-предавање пред средношколците од СУГС „Кочо Рацин“.

Покрај едукацијата за правилното и совесно постапување со отпадот,  неговата примарна селекција и рециклирањето, тие имаа можност да се запознаат и со улогата и активностите на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

 Преку слајдови и видео-материјали, учениците беа информирани за проблемите со коишто Еко-патролата се соочува на терен и едуцирани за превентивните мерки и дејствија што таа ги презема за да се спречи создавањето на диви депонии, со крајна цел  - заштита на животната средина.

 

21.05.2019, 11:18 | 426 прегледи