02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     НЕПРАВИЛНО ОДЛАГАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ

НЕПРАВИЛНО ОДЛАГАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ

Во текот на празничниот викенд 24 – 26 мај 2019г., екипите на ЈП Комунална хигиена“-Скопје се соочија со зголемена појава на неправилно одлагање на отпадот во речиси сите скопски општини.

Голем број наши сограѓани се одлучиле својот кабаст отпад - стариот мебел, електронските и електричните апарати да ги одложат на јавни површини, притоа директно кршејќи го Законот за јавна чистота. Фотографиите се направени на улиците Франклин Рузвелт, Аминта Трети и Цветан Димов, во општините Центар, Карпош и Чаир.

ЈП Комунална хигиена“-Скопје апелира до престане загадувањето на животната средина преку неправилното одлагање на отпадот!

Ги информираме нашите сограѓани дека својот кабаст отпад секој ден во неделата, од 07 до 19 часот, може да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште. За оваа услуга не се наплатува паричен надоместок!

 

27.05.2019, 11:10 | 338 прегледи