02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГИ ЕДУЦИРАШЕ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНАТА ЧАИР ЗА ПРАВИЛНОТО ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАДОТ

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГИ ЕДУЦИРАШЕ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНАТА ЧАИР ЗА ПРАВИЛНОТО ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАДОТ

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска реализираше едукативно-информативни активности на улицата Џон Кенеди, во општината Чаир. Активностите ги спроведоа Еко-патролата и одделенијата за Едукација, Квалитет и развој и Професионална одговорност, коишто ги информираа граѓаните за правилното постапување со комуналниот, кабастиот и градежниот отпад. На настанот присуствуваа директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на општината Чаир, Висар Ганиу.

„Ја избравме токму оваа локација за спроведување на едукација на граѓаните, затоа што нашите екипи во овој реон постојано се соочуваат со неправилно одлагање на отпадот. Ги повикуваме сите чинители во процесот на одржување на хигиената во градот Скопје – граѓаните, но и инспекциските служби при Градот и општините, сите заедно да придонесеме за заштитата на нашата животна околина.“ - изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во текот на денешниот ден реализираа и генерална акција за чистење општината Чаир, при што беше извршено рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците. Во рамките на акцијата беа отстранети приближно 50 кубни метри отпад од диви депонии, а се спроведе и рачно миење на поголемите џамии во оваа скопска општина.

31.05.2019, 12:20 | 552 прегледи