02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ЈУЖНИОТ БУЛЕВАР

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ЈУЖНИОТ БУЛЕВАР

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на денешниот ден спроведе акција за генерално чистење на скопскиот Јужен булевар.

Со 20 работници на терен, беше извршено рачно и машинско метење и миење на булеварот, а од механизацијата беа употребени две автоцистерни и специјалните комунални возила – патарки и метларки.

Акцијата беше организирана поради зачестените поплаки од страна на граѓаните дека станбените објекти лоцирани на Јужниот булевар се подложени на загадување и прашина од градежните зафати што се реализираат во овој реон.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ја информира јавноста дека според Законот за јавна чистота, градежните фирми се должни да обезбедат отстранување и транспорт на градежниот отпад од градежните локации. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје нема ингеренции да го собира и транспортира овој вид на отпад ниту пак да ја одржува хигиената на приватните градилишта.

 

08.06.2019, 09:02 | 510 прегледи