02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „Комунална хигиена“-Скопје собра 135 кубни метри кабаст отпад и расчисти 200 кубни метри отпад од диви депонии

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје собра 135 кубни метри кабаст отпад и расчисти 200 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на масовната акција за генерално чистење на скопските општини, ЈП Комунална хигиена“-Скопје отстрани вкупно 200 кубни метри отпад од диви депонии.

Во рамките на акцијата се спроведоа активности за рачно и машинско метење, како и миење на главните и на споредните улици со автоцистерни, а ЈП Комунална хигиена“-Скопје во девет скопски општини постави специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во коишто граѓаните одложија 135 кубни метри отпад составен од стар мебел, електрична и електронска опрема.

Претпријатието реализираше едукативни разговори со граѓаните за проблемите со неправилното одлагање на отпадот и ги информираше за можноста во текот на целата година својот кабаст отпад без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.

 

30.07.2019, 08:40 | 454 прегледи