02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ АПЕЛИРА ДО ВЕРНИЦИТЕ ДА НЕ ОДЛАГААТ ОРГАНСКИ ОТПАД НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, придружуван од градоначалникот на општината Чаир, Висар Ганиу, скопскиот муфтија Кенан Исмаили и претставниците од Здружението на еснафот на Старата скопска чаршија, денеска одржа прес-конференција за решавање на актуелните проблеми со неконтролираното одлагање органски отпад во пресрет на верскиот празник Курбан Бајрам.

Директорот Шабани нагласи дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје секоја година во овој период се соочува со еден навистина голем проблем, а тоа е  неконтролираното одлагање органски отпад, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните и се загадува животната околина.

„На сите ни се познати традициите и обичаите при подготовките и празнувањето на овој значаен муслимански празник, но апелираме до нашите сограѓани дека исфрлањето органски отпад на јавни површини може да доведе до многу несакани последици. На овие температури, таквиот отпад брзо се распаѓа и претставува извор на зарази во непосредната околина. Оваа година, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје на повеќе локации во скопските општини Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Сарај, ќе постави специјални садови во коишто верниците ќе можат контролирано и правилно да го одложат органскиот отпад, за истиот да може да биде навремено отстранет и транспортиран од страна на нашите екипи.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на вчерашната ноќ и денешниот ден, спроведоа акција за генерално чистење на Старата скопска чаршија, при што беше извршено рачно миење со ВАП-машини, како и метење и чистење на сите делови на чаршијата.

 

 

08.08.2019, 11:23 | 640 прегледи