02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ПРОМОЦИЈА НА НОВИТЕ 540 КОНТЕЈНЕРИ И ЧЕТИРИ КАМИОНИ ЗА СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД

ПРОМОЦИЈА НА НОВИТЕ 540 КОНТЕЈНЕРИ И ЧЕТИРИ КАМИОНИ ЗА СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“- Скопје ги промовираа новите 540 садови за собирање комунален отпад со капацитет од 3,2 кубни метри, што во текот на месецов ќе бидат поставени  на главните булевари и улици во речиси сите скопски општини. Покрај овие садови, на 15 локации ќе бидат поставени и нови контејнери во коишто граѓаните ќе можат да извршат примарна селекција  на хартија и пластика. Денеска беа промовирани и 950 корпи за отпадоци од коишто 100 имаат вградени кеси за отпад од миленици, како и десет електрични комунални возила - метларки и 12 специјални метларки со вакуум.

 „Досега не сме употребувале контејнери со овој капацитет. Досегашните анализи говорат дека за собирање на комуналниот отпад на територијата на Градот Скопје се потребни близу 6000 контејнери со капацитет од 1,1 кубни метри. Со употребата на новите 540 садови од 3,2 кубни метри и постоечките 4100 садови од 1,1 кубни метри, доаѓаме до проектираниот потребен капацитет за потребите на нашиот град. ЈП „Комунална хигиена“- Скопје и Градот Скопје набавија и четири нови специјални камиони од марката IVECO наменети за празнење на овој вид на садови. Новата опрема ќе придонесе за поефикасно собирање и транспорт на комуналниот отпад, како и за одржување на хигиената и чистотата на јавните површини на градот Скопје.“ -  изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

 Новите контејнери, специјалните камиони за собирање и транспорт на отпадот, корпите за отпадоци и електричните метларки се набавени со заеднички средства на Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“- Скопје и делумно преку донација од Светската банка.

 

01.10.2019, 14:45 | 732 прегледи