02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ПРОДОЛЖУВААТ ЕСЕНСКИТЕ АКЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ

ПРОДОЛЖУВААТ ЕСЕНСКИТЕ АКЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ

 Во рамките на есенските акции за чистење на скопските општини, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска започна генерално чистење на општината Аеродром. Екипите на Претпријатието отстранија повеќе диви депонии настанати како резултат на неправилното одлагање кабаст отпад и градежен шут, а во текот на денот се спроведе рачно и машинско миење и метење на булеварите и улиците.

 ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска заедно со учениците ги чистеше и дворовите на средните и основните училишта, а во ООУ „Блаже Конески“  беше организирано  еко-предавање за правилно и совесно постапување со отпадот. На предавањето присуствуваа и претседателката на Советот на Градот Скопје, Љубица Јанчева, градоначалникот на општината Аеродром, Златко Марин, како и помошник -директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Златко Христовски, коишто ја истакнаа важноста за развивање на еколошката свест кај најмладата популација за заштита на животната средина.

 

02.10.2019, 11:52 | 271 прегледи