02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ПОМОШНИК-ДИРЕКТОРОТ АМЕТИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ СО ЕКО-ПОРАКИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОПШТИНАТА ГАЗИ БАБА

ПОМОШНИК-ДИРЕКТОРОТ АМЕТИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ СО ЕКО-ПОРАКИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОПШТИНАТА ГАЗИ БАБА

  Со 30 работници на терен, две автоцистерни, три специјални комунални возила – патарки и две електрични метларки, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска генерално ја чисти општината Гази Баба. Во рамките на акцијата се спроведува рачно и машинско миење и метење на булеварите и улиците, како и отстранување на дивите депонии.

 Градоначалникот на општината Гази Баба, Борче Георгиевски и помошник -директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Етула Амети, учествуваа на еко-предавањето во ООУ „Стив Наумов“, каде што учениците беа информирани за штетноста на дивите депонии што се создаваат како резултат на несовесното постапување со отпадот и директно ја загадуваат нашата животна околина.

 Во рамките на есенската акција во општината Гази Баба, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје организираше и чистење на дворовите на градинките, основните и средните училишта во оваа скопска општина.

10.10.2019, 10:02 | 288 прегледи