02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     КОРЕКТНО ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ

КОРЕКТНО ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ

 

Директорот на ЈП Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, ги демантира наводите на каналот „Clickplus” на медиумот TV21, oбјавени во емисијата емитувана на 14.10.2019, каде што се наведува дека ЈП Комунална хигиена“-Скопје е надлежно за решавање на проблемите со канализацијата во скопската општина Чаир.

Во периодот кога во тек се есенските акции за генерално чистење на сите скопски општини и нашите бројни активности за едукација и подигнување на јавната свест за совесно и правилно постапување со отпадот, крајно некоректно и непрофесионално е медиумите да објавуваат неточни и непроверени факти во врска со нашите надлежности.

 ЈП Комунална хигиена“-Скопје нема никаква ингеренција поврзана со канализацијата, одводот, проблемите со шахтите итн. Наша примарна надлежност е собирањето и транспортот на комуналниот отпад, како и одржувањето и чистотата на јавните површини во градот Скопје.

 

Апелираме до јавните гласила коректно и вистинито да ја информираат јавноста за нашите активности и на тој начин да ни помогнат во нашите заложби за зголемување на нивото на хигиената и чистотата и одржувањето на здравата животна околина во нашиот град.

 

15.10.2019, 14:57 | 432 прегледи