02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнува со употреба на новите електрични метларки за вакуумско чистење

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнува со употреба на новите електрични метларки за вакуумско чистење

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска започна да ги употребува новонабавените 12 електрични метларки наменети за вакуумско чистење. Станува збор за еколошки машини што работат на електричен погон, така што не го загадуваат амбиенталниот воздух. Електричните метларки ќе се употребуваат за одржување на хигиената на јавните површини во градот Скопје.

Во текот на денешниот ден, екипите на Претпријатието со новите метларки ги чистат Плоштадот и улицата Македонија, централното градско подрачје, булеварот Илинденска и булеварот Партизански одреди.

25.10.2019, 12:00 | 634 прегледи