02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна со едукација на учениците за правилна употреба на новите садови за отпад

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна со едукација на учениците за правилна употреба на новите садови за отпад

 

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведува едукација на учениците од скопските основни и средни училишта како правилно да ги употребуваат  новите садови за отпад.

Откако Претпријатието започна со поставување на новонабавените контејнери со зафатнина од 3,2м3, се забележа потреба за дополнително информирање и упатување на граѓаните на кој начин правилно се употребуваат овие садови, со цел да за спречи нивното оштетување и да се овозможи непречено собирање и транспорт на комуналниот отпад.

Во таа насока, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираше ваков тип на едукација во ООУ „Димитар Миладинов“, каде што учениците научија на кој начин се отвораат новите контејнери, за каков вид на отпад се наменети, како и за важноста на примарната селекција на комуналниот отпад. Претпријатието и во претстојниот период ќе продолжи со  едукација на најмладите сограѓани за правилна употреба на новите садови за отпад.

28.10.2019, 10:50 | 527 прегледи