02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ОСУМ КОНТЕЈНЕРИ ОПОЖАРЕНИ ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НОЌ

ОСУМ КОНТЕЈНЕРИ ОПОЖАРЕНИ ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА НОЌ

 

Два новопоставени контејнера со зафатнина од 3,2 м3, биле опожарени во текот на изминатата ноќ на главната улица во населбата Ѓорче Петров.

Во истиот период се запалени и шест пластични контејнери од 1,1м3 во населбата Ново Лисиче. ЈП Комунална хигиена-Скопје и за време на изминатиот викенд се соочи со ваков инцидент во скопската населба Радишани, каде што изгореа три контејнери од 1,1 м3 и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло.

„Опожарените садови се целосно уништени и неупотребливи. Веќе имавме случај на еден опожарен нов контејнер на улицата Рузвелтова, а во текот на минатата ноќ изгореа уште два нови и шест од старите садови за одлагање на отпадот. Покрај значителната финансиска штета што е нанесена на ЈП Комунална хигиена-Скопје, овие инциденти предизвикуваат големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад. Апелираме да престане вандализмот и  уништувањето на контејнерите, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен.“- изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Сите случаи на опожарување на садовите за одлагање на отпадот се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

05.11.2019, 09:35 | 711 прегледи