02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Еко-предавање по повод Денот на албанската азбука

Еко-предавање по повод Денот на албанската азбука

Во пресрет на Денот на албанската азбука, директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, го посети СУГС „Цветан Димов“, каде што присуствуваше на еко-предавање за правилно постапување на отпадот. Во рамките на предавањето, учениците се запознаа со работата и активностите на Претпријатието, научија на кој начин се врши примарната селекција и како се одвива процесот на рециклирање. Директорот Шабани им го честиташе Денот на албанската азбука и ги потсети дека само преку совесно постапување со отпадот може да ја зачуваат здрава и чиста својата животна околина.

22.11.2019, 08:05 | 392 прегледи