ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ СЕ СРЕТНА СО МЛАДИОТ КОШАРКАР АНДРЕЈ АНДОНОСКИ

ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ СЕ СРЕТНА СО МЛАДИОТ КОШАРКАР АНДРЕЈ АНДОНОСКИ

 

ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ СЕ СРЕТНА СО МЛАДИОТ КОШАРКАР  АНДРЕЈ АНДОНОСКИ

 

Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, имаше средба со еден од нашите најперспективни млади кошаркари, 17-годишниот Андреј Андоноски. Андоноски настапува за МЗТ Скопје, а веќе следната сезона ќе заигра како капитен за македонската кошаркарска репрезентација.

„На Андреј му ги честитав досегашните успеси и му ветив дека ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе застане зад него како поддршка во неговата понатамошна кариера, затоа што верувам дека неговото време во кошарката допрва доаѓа. Како успешен спортист и одличен ученик, се надевам дека кај помладата генерација ќе претставува и пример за совесно постапување со отпадот и заштита на животната околина.“- изјави директорот Шабани.

 

 

 

 

[ петок, 29 ноември 2019 ] [ 1601 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar