02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ ГИ ПОСЕТИ УЧИЛИШТЕТО ЗА ДЕЦА СО ОШТЕТЕН ВИД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ И ПОСЕБНОТО УЧИЛИШТЕ „ИДНИНА“

ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ ГИ ПОСЕТИ УЧИЛИШТЕТО ЗА ДЕЦА СО ОШТЕТЕН ВИД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ И ПОСЕБНОТО УЧИЛИШТЕ „ИДНИНА“

Директорот на ЈП Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, во придружба на раководниот тим на Претпријатието и претседателката на Управниот одбор, Маја Шајновска Андова, помина еден ден во дружење со учениците од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Посебното основно училиште „Иднина“.

„Некои деца имаат повеќе, а некои многу помалку можности од останатите и затоа настојувам никогаш да не ги заборавам оние на коишто вниманието и грижата им се најпотребни. На овие прекрасни млади луѓе од срце им посакав добро здравје и многу радост и среќа во новата година.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

18.12.2019, 09:06 | 1604 прегледи