02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши миење и дезинфекција на сите контејнери во градот Скопје

ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши миење и дезинфекција на сите контејнери во градот Скопје

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија комплетно миење и дезинфекција на сите постоечки садови за исфрлање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје.

Миењето и дезинфекцијата се вршеа веднаш по празнењето на контејнерите, со употреба на специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа вода и течност за дезинфекција.

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе и целосно миење на  микролокациите каде што се поставени контејнерите, со помош на автоцистерни.

Активностите ќе продолжат да се одвиваат континуирано, со цел да се подобри хигиената на надземните и подземните контејнери, како и на самите јавни површини, и воедно да се изврши превенција од можното ширење на заразни заболувања.

 

11.03.2020, 11:53 | 1226 прегледи