02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     МАШИНСКО МИЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ОПШТИНАТА САРАЈ

МАШИНСКО МИЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ОПШТИНАТА САРАЈ

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија машинско миење на улиците во скопската општина Сарај. Со активностите во целост беа опфатени населбата Сарај и Спортско-рекреативниот центар „Матка“, како и населените места: Грчец, Глумово, Шишево, Кондово, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Горна и Долна Арнакија, Семениште, Букович, Ласкарце, Копаница и Бојане.

„Во соработка со ЈКП „Сарај“, денеска реализиравме машинско миење на главните и на сервисните улици во општината Сарај, со цел подигнување на нивото на јавната хигиена и заштита на здравјето на жителите на оваа скопска општина.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

18.03.2020, 13:07 | 433 прегледи