02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ РЕДОВНО ДА ГИ ПЛАЌААТ ПОБАРУВАЊАТА ЗА СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ АПЕЛИРА ДО ГРАЃАНИТЕ РЕДОВНО ДА ГИ ПЛАЌААТ ПОБАРУВАЊАТА ЗА СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до своите корисници преку редовно и навремено плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад да придонесат за ефикасно одржување на хигиената и чистотата на градот Скопје.

 „Во текот на изминатите два месеца, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе низа вонредни мерки и активности со цел максимално да се заштити колективното здравје и да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19. Седум пати во неделата, во три смени, нашите екипи го собираат и го транспортираат комуналниот отпад и на највисокото ниво ја одржуваат хигиената на дури шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје.  Минатиот месец, тие за само седум дена отстранија над 500м3 несовесно исфрлен отпад, директно придонесувајќи за заштита и одржување на здравата и чиста животна околина.

Би сакале да ги потсетиме жителите на градот Скопје дека платите на овие вредни работници се обезбедуваат исклучиво преку плаќањето на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад и само преку редовно и навремено плаќање на сметките од  ЈП Комунална хигиена- Скопје можеме да им обезбедиме достоинствен живот на тие луѓе.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

 

03.06.2020, 09:07 | 1051 прегледи