02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЕКИПИТЕ НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ОТСТРАНИЈА ДИВИ ДЕПОНИИ ЛОЦИРАНИ ВО НЕКОЛКУ СКОПСКИ ОПШТИНИ

ЕКИПИТЕ НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ОТСТРАНИЈА ДИВИ ДЕПОНИИ ЛОЦИРАНИ ВО НЕКОЛКУ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Во текот нденешниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром.

  „И покрај тоа што расчистувањето на дивите депонии не претставува примарна обврска на ЈП Комунална хигиена-Скопје, нашите екипи и денеска отстранија огромно количество отпад одложен на јавни површини во повеќе скопски општини. Апелираме до надлежните инспекциски служби да започнат да дејствуваат на терен и соодветно да ги санкционираат овие прекршувања на Законот за јавна чистота, со цел  да се заштити животната околина и јавното здравје од потенцијалните штетни последици од ваквото несовесно однесување. За да го одржиме максималното ниво на хигиената на јавните површини во градот Скопје, неопходно е заедничко дејствување на сите надлежни институции на терен, а не само на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

16.06.2020, 19:55 | 801 прегледи