ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / Од нас зависи!

Од нас зависи!

 

Кога целиот град спие, тие се будни за вас, затоа бидете одговорни и не ја отежнувајте нивната работа. Не ги нарекувајте чистачи на улиците. Тие бараат поддршка и поттик од ваша страна. Вашата поддршка ја олеснува нивната работа. За да се одржи градот чист, доволно е да започнете од вашиот дом и околината што вe опкружува. Во овој тежок период на пандемија, тие се во првите редови. Тие ја вршат својата работа со достоинство и гордост, за своето семејство и градот што го сакаат. Вие го наградувате нивниот труд! Чистењето е процес што поминува низ многу тешкотии, напор, жртвување и време. Сега е време да ги поддржиме хероите на улиците. Нивните плати зависат од платежните обврски на граѓаните. Наша обврска е да им обезбедиме на овие херои подобри услови за работа. Одговорноста е наша!

 

[ среда, 08 јули 2020 ] [ 795 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar