02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     НВО „4SELECT“ МУ ДОДЕЛИ СЕРТИФИКАТ ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС ВО ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ДИРЕКТОРОТ АБДУСАМЕД ШАБАНИ

НВО „4SELECT“ МУ ДОДЕЛИ СЕРТИФИКАТ ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС ВО ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ДИРЕКТОРОТ АБДУСАМЕД ШАБАНИ

Невладината организација за еколошки развој и истражувања „4Select“ денеска му додели Сертификат за особен придонес и несебична посветеност во заштитата на животната средина на директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Сертификатот беше врачен од страна на претседателката на Бордот на НВО „4Select“, Бисера Мухиќ, којашто го истакна значењето на придонесот на директорот Шабани во спроведувањето на проектот „Лулка на чистотата - кањонот Матка“ за заштита на животната средина во населените места на кањонот Матка и течението на реката Треска. Во рамките на овој проект, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна примарна селекција на отпадот и реализираше бројни акции за  чистење и отстранување на дивите депонии.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со сите свои ресурси да ја поддржува иницијативата за заштита на споменикот на природата „Кањон Матка“ и целокупната зелена зона по течението на реката Треска. Моја лична  заложба е заеднички да ја унапредиме заштитата на животната средина и да го промовираме правилното постапување со отпадот во реонот на овој значен туристички локалитет.“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

 

17.07.2020, 11:36 | 270 прегледи