02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ВОВЕДУВА НОВИТЕТИ КАЈ УСЛУГАТА ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ОД ДОМОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ВОВЕДУВА НОВИТЕТИ КАЈ УСЛУГАТА ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ОД ДОМОВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

ЈП Комунална хигиена-Скопје воведe новитети кај услугата за собирање и транспорт на кабастиот отпад од домовите на граѓаните. Жителите на градот Скопје коишто имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, можат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 да ја нарачаат услугата за подигнување и транспорт со специјалните возила на ЈП Комунална хигиена-Скопје. Со воведените измени на услугата, граѓаните ќе имаат можност да ја одберат опцијата нивниот кабаст отпад да биде преземен директно од внатрешноста на домот, без разлика дали станува збор за индивидуални или за колективни домаќинства.

 Услугата за собирање кабаст отпад од домовите на граѓаните се наплатува согласно Ценовникот за дополнителни дејности на ЈПКХС, донесен од страна на Советот на Градот Скопје, на 28.05.2020 година.

21.07.2020, 12:50 | 691 прегледи