02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА МИЕЊЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Утринава екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за миење и дезинфекција на реквизитите на неколку детски игралишта лоцирани во општините Чаир, Бутел, Центар и Карпош. Активностите ќе продолжат и во текот на претстојните денови, кога ќе бидат опфатени дел од игралиштата во останатите скопски општини.
„Започнавме со активности за миење и дезинфекција на детските игралишта, затоа што станува збор за локации каде што нашите најмали сограѓани поминуваат голем дел од своето време, доаѓајќи во непосреден допир и контакт со поставените реквизити. На овој начин, ЈП Комунална хигиена-Скопје ги одржува своите главни приоритети - максимално ниво на чистота и хигиена на јавните простори во градот Скопје, како и заштита на колективното здравје.“- изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

22.08.2020, 11:39 | 951 прегледи