02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Историјат     Од „Белегзија“ и „Чистачка колона“ до „Комунална хигиена“

Од „Белегзија“ и „Чистачка колона“ до „Комунална хигиена“

За одржување на чистотата и хигиената во градот се грижела специјална екипа именувана како „Чистачка колона“. Хронолошки прецизно, во 1906 година се формира првата група за комунална хигиена во Скопје.

За одржување на чистотата и хигиената во градот се грижела специјална екипа именувана како „Чистачка колона“. Хронолошки прецизно, во 1906 година се формира првата група за комунална хигиена во Скопје. Оделението – „Четата чистачи“ или „Чистачка колона“, се водело како дел од тогашната скопска општина и броело пет до шест вработени. Нивна задача било метење на улиците, на просторот околу ановите и пазарите, но и да учествуваат во гасењето пожари во градот. Должност им било сами да си обезбедат метли кои најчесто ги правеле од врбите крај реката Вардар. Овие ентузијасти сами изработувале и дрвени колички во кои го собирале и изнесувале ѓубрето.

Во 1911 година чистачката група се зголемила на петнаесет istorija2вработени, во договорен работен однос, и тогаш го добива името „Белегзија“ како метафора за украс, но и како желба градот секогаш да биде чист и уреден. Строгите општински мерки и казни ги дисциплинирале скопјани. Така, редовно се исполнувале воспоставениот ред и обврски на граѓанството: чистење на просторот пред куќата (најпрво со попрскување со вода, потоа со метење), собирање на ѓубрето на средината на улицата, за потоа да дојдат чистачите и да го соберат и депонираат во околните дупки или да го употребат како природно ѓубриво. Интересно е тоа што вработени во „Белегзија“, чиј број постојано варирал, за време на двете Балкански и Првата светска војна, покрај редовната работа ја имале и улогата на гробари, односно ги закопувале погинатите војници и граѓани.

Јавната хигиена најмногу се огледувала во чистотата на улиците. Со развојот на Скопје по Првата светска војна и хигиенските навики биле во постојан подем. Работите биле совршено распределни и поставени. Па така, за хигиената на градот и улиците била надлежна општината, а за хигиената на дворовите и куќите се грижеле самите сопственици. Поради големиот број семејства кои живееле во една куќа и поради сложеноста на нивните семејни врски, власта честопати се мешала во овие односи и пропишувала услови за одржување на домашната хигиена и изнесување на нечистотијата од дворовите. Посебни правила и обврски постоеле за изнесување на нечистотијата од клозетите.

Најголеми проблеми во одржувањето на градската хигиена Општината имала поради недостиг на добиточна и моторна работна сила и материјали за работа. Токму поради тоа што чистењето се извршувало со минимални пари, уличното полевање и чистењето на правта од улиците било ограничено.

14.07.2010, 13:40 | 545 прегледи