02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна         Едукација

Едукација

Стиропор

Стиропор е експандиран полистирен, најпознат топлотно изолационен материјал. Тој има голема примена во индустријата и производството, но широко е позната неговата употреба и во изработка на амбалажни пакувања како чаши за кафе и топли напитоци за по пат или на пример за транспорт. Неговото разградување во природата трае и по неколку стотини години. Ако стиропорот воопшто се рециклира, тоа за жал се случува многу ретко бидејќи овој процес не е профитабилен. Негова употреба за еднократна амбалажа за храна и пијалаци е забранета во многу земји.

Управување со отпад

Управување со отпад е процес на собирање, транспорт, процесуирање, рециклирање и одложување на отпадни материи, особено на оние кои се произведени со човечки активности, а се со цел намалување на нивното влијание на човечкото здравје, изглед и хигиена на животната средина. Во последните неколку децении се поголема е тенденцијата како основни цели на управување со отпадот да се сметаат и неговите влијанија на природната средина, како и на можностите за добивање на извори на нови суровини од отпадот.

Инсектициди

Инсектициди се хемикалии кои се користат против инсекти во сите нивни развојни фази. Инсектицидите се користат во земјоделието, медицината, индустриското производство, како и во домаќинствата. Се смета дека употребата на пестицидите е најголемиот фактор за зголемување на земјоделското производство во дваесеттиот век.

Токсичен отпад

Токсичен отпад е отпаден материјал, често во хемиски облик, кој може да предизвика смрт или да повреди живо битие. Токсичниот отпад обично се создава како производ на индустриско производство, но може да настане и како последица на активности на градски, земјоделски, воени, здравствени установи, на радиоактивни извори, и на лесна индрустрија како што е хемиското чистење на пример. Токсините инаку обично се испуштаат во вода, воздух или земја.