Јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје работи и функционира согласно Законот за јавни претпријатија, Законот за локална самоуправа и Законот за комунални дејности.
Основач и сопственик на претпријатието е Градот Скопје, организирано со Одлука за поделба на ЈКП „Комуналец“ број 02 – 8800/7 од 08/10/1992 година, а запишано во судски регистар кај Окружниот стопански суд во Скопје, со решение СРЕГ број 16602/92 од 29/12/1992 година.
Јавното претпријатие е усогласено со Законот за трговски друштва и е запишано во Трговскиот регистар на 03/10/2001 година со ТРЕГ број 1470/2001 година.
Шифра на дејноста на јавното претпријатие е 90.00 – Отстранување на отпадоци и ѓубре, санитарни слични активности, односно основни и дополнителни дејности.
ОСНОВНА ДЕЈНОСТ
|
Подигaње,транспортирање и третирање на комунален отпад. |
|
Подигaње,транспортирање и третирање на индустриски отпад. |
|
Селектирање и сепарирање на цврст комунален отпад. |
|
Подигање,транспортирање и третирање на медицински и фармацевтски отпад и негова инсенерација. |
|
Чистење,метење и миење на јавно-прометни површини (плоштади, тротоари, пешачки патеки, премини, мостови, автобуски постојки итн.). |
ДОПОЛНИТЕЛНИ ДЕЈНОСТИ
|
Хумано згрижување и контрола на бездомни животни. |
|
Подигање на мрши од јавно-прометни површини и други простори во урбаниот дел на Скопје. |
|
Поништување на стоки по барање на стопански субјекти или надлежни органи. |
|
Подигање на градежен шут. |
|
Расчистување на површини по јавни манифестации. |
|
Чистење на септички јами. |
|
Транспортирање на вода со цистерни. |


