Monday
Sep 06th

Политика на квалитет

Е-пошта Печати PDF
  • Oбезбедуваме услови за континуирано собирање, транспортирање и депонирање на сметот, со тоа што целите на претпријатието се ускладени со потребите и очекувањата на корисниците на нашите услуги.
  • Успехот на нашето работење е задоволството на нашите корисници и исполнувањето на нивните желби и потреби за здрава околина, сигурно и правилно постапување со отпадот.
  • Намалувањето на трошоците, заштитата на животната средина и чист град се очекувањата на нашите корисници, кои се трудиме да ги надминеме.
  • Слободен пристап до информациите, транспарентност во работата на претпријатието .
  • Следење и подобрување на воспоставениот систем за квалитет во работењето, што обезбедува задоволување на оптималните потреби на корисниците.
  • Обезбедувајќи добри услови за работа на вработените, ќе постигнеме повисок степен на квалитет на нашите услуги.
  • Градиме партнерски односи со граѓаните и добавувачите преку меѓусебна доверба, јасна и отворена комуникација.
  • При вршењето на дејноста посебно внимание посветуваме на заштитата на животната средина и зачувувањето на природните ресурси.
  • Сите одлуки ги носиме врз база на факти со анализа на релевантни податоци, а со помош на расположивите методи.
  • Со обука и мотивација на сите вработени, постигнуваме нивното знаење и искуство да придонесат за перманентно подобрување на процесите и резултатите од работата.
  • Раководителите и сите вработени градат клима на меѓусебна соработка, доверба и припадност на претпријатието кое се заснова на грижа за интересите и потребите на секој работник, односно го поттикнува вклучувањето на работниците во креирањето на работните процеси.
  • Непрекинато подобрување постигнуваме со ускладување на работата на сите нивоа, бидејќи тоа е определеност на раководството и трајна задача на секој вработен.
  • Раководството се обврзува во рамките на своите задачи, посветено да работи на доследна примена и постојано подобрување на системот за управување со квалитет и да ги ускладува со законските барања и светските норми за заштита на животната средина.

 

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

ФОТОГРАФИИ

cair3.JPG