- Oбезбедуваме услови за континуирано собирање, транспортирање и депонирање на сметот, со тоа што целите на претпријатието се ускладени со потребите и очекувањата на корисниците на нашите услуги.
- Успехот на нашето работење е задоволството на нашите корисници и исполнувањето на нивните желби и потреби за здрава околина, сигурно и правилно постапување со отпадот.
- Намалувањето на трошоците, заштитата на животната средина и чист град се очекувањата на нашите корисници, кои се трудиме да ги надминеме.
- Слободен пристап до информациите, транспарентност во работата на претпријатието .
- Следење и подобрување на воспоставениот систем за квалитет во работењето, што обезбедува задоволување на оптималните потреби на корисниците.
- Обезбедувајќи добри услови за работа на вработените, ќе постигнеме повисок степен на квалитет на нашите услуги.
- Градиме партнерски односи со граѓаните и добавувачите преку меѓусебна доверба, јасна и отворена комуникација.
- При вршењето на дејноста посебно внимание посветуваме на заштитата на животната средина и зачувувањето на природните ресурси.
- Сите одлуки ги носиме врз база на факти со анализа на релевантни податоци, а со помош на расположивите методи.
- Со обука и мотивација на сите вработени, постигнуваме нивното знаење и искуство да придонесат за перманентно подобрување на процесите и резултатите од работата.
- Раководителите и сите вработени градат клима на меѓусебна соработка, доверба и припадност на претпријатието кое се заснова на грижа за интересите и потребите на секој работник, односно го поттикнува вклучувањето на работниците во креирањето на работните процеси.
- Непрекинато подобрување постигнуваме со ускладување на работата на сите нивоа, бидејќи тоа е определеност на раководството и трајна задача на секој вработен.
- Раководството се обврзува во рамките на своите задачи, посветено да работи на доследна примена и постојано подобрување на системот за управување со квалитет и да ги ускладува со законските барања и светските норми за заштита на животната средина.
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите



