Wednesday
Sep 08th

Еко речник

Е-пошта Печати PDF

ЕКО РЕЧНИК

Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.

Био отпад или органски отпад, е биоразградлив отпад кој со биолошка обработка може да се преработи во квалитетен компост.

Биоразградлива материја е генерално од органско потекло, растително или животинско, односно потекнува од жив организам, но исто така може да има и вештачки материи кои се доволно слични со растителните и животинските, па можат да се разградуваат по природен пат паралелно со делувањето на микро организмите (аеробни или анаеробни). Поголемиот дел од органските материи, како што се остатоци од храна или хартија се биоразградливи. Биоразградливата материја е безштетно влијание на околината.

Екологија од грчкиот збор оикос, оикос, домаќинство; и логос, логос, знаење е интердисциплинарна наука која се занимава со проучување на разни живи организми, на нивните меѓусебните интеракции, како и на околината во која живеат - местото во природата кое го населуваат и други природни фактори кои ги опкружуваат.

Еколошка амбалажа е онаа амбалажа која не и штети на природата, односно е направена од материјали кои се биоразградливи. Така, наместо амбалажа направена од вештачки материјали, оваа еко амбалажа се смета за нејзина енвирон менталлѕ фриендлѕ алтернатива.

Еко систем е динамичен комплекс од заднички билки, животни и микроорганизми и нивните неживи средини кои стапуваат во меѓусебни односи и создаваат функционална заедница.

Хербициди се хемикалии кои контролираат раст и напредување, односно ги уништуваат непожелните билки.

Индустриски отпад е тип на отпад кој се произведува во индустриски постројки и рудници. Се појавил со појавата на индустриската револуција. Индустрискиот отпад може да биде токсичен и хемиски. Хемискиот отпад настанува од опасни хемикалии кои се користат во главно во големи фабрики.

Инсектициди се хемикалии кои се користат против инсекти во сите нивни развојни фази. Инсектицидите се користат во земјоделието, медицината, индустриското производство, како и во домаќинствата. Се смета дека употребата на пестицидите е најголемиот фактор за зголемување на земјоделското производство во дваесеттиот век.

Готово сите инсектициди имаат можност значајно да го изменат еко системот. Голем дел од нив се штетни за човековото здравје, а други се се поприсутни во ланецот на исхрана. Неопходно е да се најде баланс меѓу земјоделските потреби и природните и здравствени прашања кога станува збор за употреба на инсектициди.

Компостирање е процес на правење копмпост на среде аеробно разградување на биоразградливи органски материи. Компост е еден од најдобрите природни ѓубрива. Додавањето на компост на земјата ја подобрува нејзината плодност и стимулира здрав развој на корените на билките. Органските материи во компостот им даваат храна на микроорганизмите кои ја одржуваат земјата здрава. Компостирање може да се прави во куќна бавча или се добива индустриски.

Комунален отпад е смет од домаќинство, потоа смет кој настанува со чистење на јавни и прометни површини, отпад сличен на отпад од домаќинсктавата кој се создава во работни простории, установи и услужни дејности. Во контејнерите за комунален отпад е забрането да се фрлаат: течни и полутечни материи, жар, угинати животни, електрични батерии, акумулатори, авто гуми, отпад од кланици, месарници и рибарници, зелен отпад, градежен отпад, опасен отпад и амбалажен отпад.

Домашен компостер е сад во кој складираме отпадоци од органско потекло, кои во процесот на разградување се претвораат во компост, односно хумус.

Метален амбалажен отпад, а посебно алуминиумски амбалажен отпад е вредна суровина која може лесно да се рециклира, ако се прибира одвоено. Челикот и алуминиумот се вообичаени метали околу нас и се произведуваат во големи количини. Конзервираната храна, алуминиумската фолија во домаќинствата, авто деловите, компјутерите, белата техника и останатото се многу корисни во преработката заради тоа што металот може да се рециклира неограничен број пати, а притоа да не губи ништо од своите особини.

Необновливите извори на енергија се природни извори кои се резултат на геолошки процеси долги милиони години. Тоа се на пример руди, минерали, фосилни горива (нафта, плин, јаглен итн).

Обновливите извори на енергија се природни извори на енергија кои се обновуваат по природен пат. Можат да бидат од растително или животинско потекло. Обновливата енергија ги користи прородните извори како што се сончевата енергија, ветарот, плимата, геотермалната топлина, кои природно се обновуваат.

Складирањето на отпадот претставува негово класифицирање, транспортирање како и третирање, потоа негово депонирање на површина или под површина на земјата.

Опасен отпад е отпад кој содржи состојки кои можат да предизвикаат трајно или привремено оштетување на здравјето и на природната средина. Пример: радиоактивен отпад.

Органска храна е храна која се произведува согласно одредени производни стандарди. На пример, житариците не смеат да се произведуваат со користење на пестициди, вештачко ѓубриво, човечки отпад, а во процесот на преработка не смеат да бидат третирани со јонизирачка радијација, ниту да им се додаваат адитиви за храна. Што се однесува на животните, тие се одгледуваат без употреба на антибиотици и хормони за растење. Во поголем дел земјите храната која носи ознака органска не смее да биде генетски модифицирана.

Органски отпад подразбира се што е од природно потекло, трева, лисја, дрва, остатоци од храна.

Отпад претставуваат материи или предмети кои не се примарни производи (односно производи кои се наменети на пазарот за потрошна стока), потоа стока која го завршила својот употребен век, материи кои настануваат при преработка на сурови маретијали во финални производи, како и смет кој се офрла, а настанал од човечки активности.

Пестициди се супстанци или хемиски мешавини кои се користат во превентива, односно во уништување од штетници. Пестицидите опфаќаат отрови за сузбивање: - инсекти (инсектициди), - глодари (родентициди), короф (хербициди), - габички (фунгициди), - гриња и пајаци (акарициди), и мекушаца (лимациди или молускициди).

ПЕТ или Полиетилен терафталат е термопластичен постулат од семејството на полисетери и има своја примена во производството на синтетички влакна, амбалажни пакувања за пијалаци, храна или течности. ПЕТ е еден од најважните сурови материјали кои се косистат за вештачко добивање на влакна. Периодот на разградување на ПЕТ е неколку стотини години.

Повторна употреба е всушност повторна употреба на материјалот односно нафрлениот предмет без промена на структурата на неговиот материјал, што може на пример да биде кај рециклирањето.

ПВЦ - поливинил хлорид или скратено ПВЦ е по употреба широко распространет термопластичен полимер. Глобално, повеќе од 50 посто од произведениот ПВЦ се користи во градежната индустрија каде се повеќе ги земенува традиционалните градежни материјали како што се дрвото, бетонот и глината. Како тврда пластика се користи за правење на магнетни ленти, плочи, прозорски профили, за водоводни цевки, додека како мека пластика се користи во изработка на облека, подови, изолација на електрични кабли. Иако штетно влијае на здравјето на луѓето и околината ПВЦ и понатаму има широка примена. Поради скапите трошоци за рециклирање овој процес се случува во занемарлива количина. Постојат обиди со одредени индустриски процеси од ПВЦ да се добијат гориво и минерали.

Рециклирање е процес на собирање и третирање на отпад со цел да се употреби повторно како суров материјал при произведување на исти или слични материјали.

Санитарна депонија е посебно уреден простор, изграден и опремен за трајно, контролирано, организирано и сигурно одложување на отпадот, со цел да не и штети на околината и природата како и на здравјето на луѓето.

Стиропор е експандиран полистирен, најпознат топлотно изолационен материјал. Тој има голема примена во индустријата и производството, но широко е позната неговата употреба и во изработка на амбалажни пакувања како чаши за кафе и топли напитоци за по пат или на пример за транспорт. Неговото разградување во природата трае и по неколку стотини години. Ако стиропорот воопшто се рециклира, тоа за жал се случува многу ретко бидејќи овој процес не е профитабилен. Негова употреба за еднократна амбалажа за храна и пијалаци е забранета во многу земји.

Токсичен отпад е отпаден материјал, често во хемиски облик, кој може да предизвика смрт или да повреди живо битие. Токсичниот отпад обично се создава како производ на индустриско производство, но може да настане и како последица на активности на градски, земјоделски, воени, здравствени установи, на радиоактивни извори, и на лесна индрустрија како што е хемиското чистење на пример. Токсините инаку обично се испуштаат во вода, воздух или земја.

Управување со отпад е процес на собирање, транспорт, процесуирање, рециклирање и одложување на отпадни материи, особено на оние кои се произведени со човечки активности, а се со цел намалување на нивното влијание на човечкото здравје, изглед и хигиена на животната средина. Во последните неколку децении се поголема е тенденцијата како основни цели на управување со отпадот да се сметаат и неговите влијанија на природната средина, како и на можностите за добивање на извори на нови суровини од отпадот.

 

ФОТОГРАФИИ

proletno chistenje chair11.JPG